Ете ти сега женска беља – Сопругата на Хакими е љубоморна: Требаше прво да се радува со мене, а не со мајка му (Видео)

Сопругата на Ашраф Хакими, Хиба Абоук, реагираше љубоморно по потегот на нејзиниот сопруг да ја сподели радоста за подвизите на Мароко најпрво со својата мајка, особено по елиминациите на Шпанија и на Португалија.

Фотографиите на радоста на репрезентативецот на Мароко со неговата мајка, на која ѝ подари и дрес, станаа хит на Мундијалот и многу топла приказна, која сепак во семејството очигледно има и поинаква страна.

https://www.youtube.com/watch?v=Dc5T3h-vXFg&t=10s

Убавата Хиба, која е позната шпанска глумица, се налути, па не се знае дали тоа ќе влијае посериозно на Хакими во незгоден момент пред полуфиналето со Франција задутре.

И двајцата се родени во Мадрид, каде што и се запознале, а Хакими игра за Мароко, од каде што потекнуваат неговите родители, додека Хиба по татко е Тунижанка и по мајка Либанка.

Има глумено во неколку шпански филмови и серии, а интересно е што е постара од Хакими за 12 години.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести