Некогашниот ирански фудбалер Амир Наср-Азадани е дел од групата од деветмина луѓе кои Судот во Иран ги осуди на смрт. Сите осудени се сметаат за виновни за смртта на тројца полицајци по деминстрациите кои беа на 25 ноември, а биле уапсени два дена подоцна.
Ексфудбалерот и групата се виновни за наводна завера против сигурноста на земјата и иранското општество. Тие се обвинети дека направиле злосторничко здружение кое имало цел да ја нападне Исламската Република Иран.
Амир во фудбалската кариера има играно за екипите на Сепахан, Рах Ахан, Техеран и Трактор. Има само 26 години, а во овој случај веднаш реагираше и Светскиот синдикат на фудбалери ФИФПро, кој бара укинување на оваа казна.
„Шокирани сме и згрозени од извештаите дека професионалниот фудбалер Амир Наср-Азадани се соочува со смртна казна затоа што водел кампања за правата на жените и основните права за слобода во сопствената земја. Бараме итно укинување на оваа казна“, стои во соопштението на ФИФПро.
FIFPRO is shocked and sickened by reports that professional footballer Amir Nasr-Azadani faces execution in Iran after campaigning for women’s rights and basic freedom in his country.
We stand in solidarity with Amir and call for the immediate removal of his punishment. pic.twitter.com/vPuylCS2ph
— FIFPRO (@FIFPRO) December 12, 2022
Иранската влада вчера изврши погубување на вториот човек обвинет за учество во простестите кои започнаа во септември, откако на 16 септември беше убиена младата Маха Амини затоа што неправилно ја носела исламската шамија.
Во протестите кои траат три месеци, според информациите, досега се убиени над 320 луѓе. По одлука на Судот, двајца демонстранти завршија со смртна казна. Вчера беше егзекутиран Маџид Реза Рахнавард со бесење во градот Машаду, додека минатата недела тоа го снајде и Мохсен Шекари.
Убиените протестанти беа обвинети дека учествувале во убиство на полициски сили, исто како што сега за тоа е обвинет и фудбалерот.