Се мачиме и против Чиле

Македонија игра нерешено против Чиле (16:16), на полувреме во последниот меч на ракометното светско првенство во Германија и Данска. Ова е дуел кој ќе реши дали Македонија ќе заврши на 15. или 16. место на Мундијалот.

Речиси и да нема одбрани на овој меч по првите 30 минути. Македонија добро започна и поведе со 6:3 во 8 минута. Чиле веднаш возвради со серија од 3:0 и израмни, но нашите ракометари го контролираа резултатот до пред самиот крај на првиот дел. Водевме со 14:13, кога противникот со три гола во низа стигна до 16:14. До крајот на првиот дел, Македонија стигна до реми.

Манасков со 4 гола е најефикасен, а три погодоци дадоа Стоилов, Кирил Лазаров и Георгиевски. Кузмановски погоди два пати, а еден гол даде  Пешевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести