Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги демантираше написите дека е еден од главните фаворити да го наследи Тите на клупата на репрезентацијата на Бразил.
Тите си поднесе оставка веднаш по елиминацијата на Бразил од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство што вчера заврши со триумф на Аргентина, а медиумите од оваа јужноамериканска земја го посочија Анчелоти како еден од главните фаворити да биде нов селектор.
Но, Италијанецот ги демантираше овие гласини посочувајќи дека е среќен во Реал и останува во Мадрид до истекот на договорот.
„Не знам што ни носи иднината, но засега сум среќен во Реал Мадрид. Имам договор до јуни 2024 година и останувам во клубот до неговото истекување под услов претходно да не ме отпуштат“, изјави Анчелоти.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1604767876006789120?s=20&t=CMhFeGKGESIIxO_ZDs3Nsg