Судијата збесна и ги исклучи Лука Дончиќ и Џејсон Кид во пакет (Видео)

Лука Дончиќ не го заврши мечот во Минесота против Тимбервулфс и беше исклучен во финишот на третата четвртина, откако му дофрли нешто на еден од судиите.

Веднаш доби техничка грешка и поради две технички грешки, го заврши натпреварот.

„Нема да лажам, првата техничка грешка ја заслужив, но втората не. Навистина судијата ме шокираше со одлуката да ме исклучи“, изјави Дончиќ.

Исклучувањето се случи на две минути до крајот на третата четвртина при резултат 85:71 за Минесота.

Домаќините на крајот и победија со 116:106, а Дончиќ постигна 19 поени со 7 асистенции и шест скока.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести