Барселона му фрли око на одличниот Баскиец како замена за Буксетс, но има еден проблем

Барселона сака да го купи одличниот Баскиец од Реал Сосиедад, Мартин Зубименди, како замена за Серхио Бускетс, но има еден проблем.

Каталонците бараат од Реал Сосиедад да им го продаде 23-годишниот играч за врска веднаш во зимскиот преоден рок, а да плаќаат на рати.

Клубот од Сан Себастијан има поинаков план и бара да се плати отштетната клаузула од 60 милиони евра и на никаков друг начин не сака да го ослободи и да го продаде Зубименди.

Да биде проблемот уште поголем за Барселона, и обидот да се купи Рубен Невеш од Вулверхемптон полека, но сигурно пропаѓа.

И Волците бараат пари, и тоа цела сума, а не на рати како што нуди гигантот, па јасно е дека Барса има проблеми како да најде соодветна замена за Бускетс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести