Мундијалските финалиња во пет категории – Има и досадни, а трите ремек-дела се играа во 1950 и 1954 година и сега во Катар (Фото)

Направена е интересна анализа на сите досегашни финалиња на Светските првенства со фотографии и поделба во неколку категории за да може да дебатираат сите фудбалски вљубеници.

Првата и најдобра категорија е именувана како „Ремек-дела и невидени драми“, а тука се сместени четвртото и петтото финале, во 1950 и 1954 година и ова во Катар во 2022 година што заврши со успех на Аргентина по подобро изведување на пеналите против Франција.

Во 1950 година се случи и најголемата сензација на Светските првенства, кога пред 200 илјади симпатизери на легендарната „Маракана“, Уругвај го победи домаќинот Бразил со 2:1.

На следното што го организираше Швајцарија, неочекувано славеа Германците против тогаш најмоќната фудбалска сила Унгарија со 3:2.

Во втората категорија „Величествени и Класици“ се најде првото финале во 1930 година што го доби Уругвај како домаќин против Аргентина со 4:2 во Монтевидео.

Тука е и финалето на „Вембли“ во 1966 година, кога Англија со идентична победа од 4:2 против Германија ја освои единствената шампионска круна.

И третото е во Мексико пред 115 илјади гледачи, а заврши со триумф на Аргентина од 3:2 против Германија.

Погледнете ги и останатите категории и сите досега одиграни финалиња како се распределени во петте различни сегменти.

Tier List: Greatest World Cup ‘Final Matches’. Thoughts? from soccer

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести