Во САД температурата е под нула, но, на дел од НФЛ играчите студеното време не им пречи да излезат и да се загреваат полуголи, поточно без маички и дресови.
Тоа го направија играчите на НФЛ тимот Сиетл сихокс, кои одлучија да излезат на терен без горниот дел од опремата пред дуелот со екипата на Канзас сити чифс.
Додека играчите на Сиетл тренираат полуголи, властите на неколку сојузни држави во САД ги молат своите граѓани да не излегуваат од своите домови доколку немаат потреба.
Поради рекордно ниските температури, повеќе од 1.5 милиони семејства останаа без струја, а неколку илјади авионски летови се откажани. Најниската температура од -45 степени е измерена во Елк Парк во сојузната држава Монтана.
https://twitter.com/i/status/1606688870078332934