Аргентинците Маурисио Покетино и Марсело Биелса се наоѓаат на листата на потенцијални кандидати за селектори на Бразил, тврди италијански „Тутоспорт“.
Селекторот кој го водеше Бразил на СП во Катар, Тите, си замина од функцијата после поразот од Хрватска, па местото е испразнето. Многу познати имиња се спомнуваат како можни селектори на Селесао, а на листата се и двајцата Аргентинци, Покетино и Биелса кои се без работа.
Инаку, Бразилците се доста чувствителни по ова прашање, речиси 60 години не се случило странец да им биде селектор. Последен странец што го водел Бразил бил Аргентинецот Филпо Нуњес во 1965 година и тоа само на еден пријателски меч.
Пред него, странец селектор на Бразил бил Португалецот Жорека во 1944 кој го водел тимот на два пријателски меча, и Уругваецот Рамон Платеро во далечната 1925 година кој на четири средби го водел Бразил.