Најскапото засилување во историјата на Црвена Ѕвезда, Факундо Кампацо дебитираше за „црвено-белите“ на меч од АБА лигата против Борац Чачак и со 11 поени и неколку топ-асистенции потврди дека ќе биде значан дел од мозаикот на тимот.
Аргентинецот неофицијално ја чини Црвена Ѕвезда околу 4 милиони евра што е рекорд во историјата на тимот, а играше нешто повеќе од 19 минути и постигна 11 поени со 5 асистенции и три скока.
https://twitter.com/ABA_League/status/1607013829439008770?s=20&t=EH16K_sbv9kpjXdlnWkmoQ
Црвена Ѕвезда победи со 86:57 и со 21 бод се проби на првото место на табелата со еден меч помалку од ФМП, кој има ист број на бодови и еден бод пред вечниот ривал Партизан.