Јокиќ е од друга планета со најдобар божиќен трипл-дабл во историјата на НБА – Дербито меѓу Денвер и Феникс го реши ВАР системот (Видео)

Никола Јокиќ одигра нов маестрален меч и со трипл-дабл ефект од 41 поен и по 15 скока и асистенции беше лидер во драматичната божикна победа на Денвер нагетс против Феникс санс.

Домаќините победија по едно продолжение со 128:125, најмногу благодарение на триото Јокиќ, Мареј, Гордон и на ВАР-системот.

Српскиот ас се запиша во историјата на НБА-лигата како играч што го има најдобриот трипл-дабл на мечевите што се играле на католички Божиќ.

Џамал Мареј имаше шанса со кош во последниот напад од регуларниот дел да му донесе победа на Денвер, но беше блокиран, па остана 113:113 и се играа продолженија.

Претходно, на 11 секунди до крајот истиот играч со забивање израмни и го одведе мечот во дополнителни пет минути.

Клучниот момент во продолжението беше монструозното забивање на Арон Гордон за 126:123 за Денвер.

Судиите прво покажаа фаул во напад, но по прегледување на спорниот момент, досудија поени за Гордон и Нагетс.

Јокиќ беше прв стрелец со 41 поен, пред Шамет од Феникс со 31. Гордон уфрли 28 поени со 13 скока, а Мареј даде 26 поени.

Сонцата од Феникс имаа малер на стартот од мечот бидејќи по неполни пет минути им се повреди првиот стрелец и најдобар играч Девин Букер.

Резултати: Бостон селтикс – Милвоки бакс 139:118, Голден стејт вориорс – Мемфис гризлис 123:109, Денвер нагетс – Феникс санс 128:125 по продолженија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести