Босанскиот центар Јусуф Нуркиќ со 28 поени, 15 скока, 6 асистенции и пет погодени (од седум обиди) тројки, што е негов личен рекорд, беше прва ѕвезда на мечот кој Портлан го доби против Шарлот со 124-113.
Во салата во Портланд беше одржана и церемонија во чест на Демиен Лилард, кој неодамна стана најдобар стрелец во историјата на Блејзерс, но за време на мечот со Хорнетс, славата ја имаше Нуркиќ.
Бруклин нетс го совлада Кливленд кавалирс со 125-117, а ова за Мрежичките е деветта победа по ред, нивна најдолга победничка серија од 2006 наваму. Кевин Дурант и Кајри Ирвинг (погоди седум тројки што му е сезонски рекорд) постигнаа по 32 поени, па на Дариус Гарланд не му беа доволни 46-те поени за Кавалирс. Дурант изби пред Тим Данкан на 15-тото место на вечната листа на стрелци.
Интересно беше и во Детроит, каде што Пистонс и ЛА клиперс играа продолжение, кое гостите од Лос Анџелес го добија со 14-3, па на крајот победија со 142-131. Детроит имаше двоцифрена предност на три и пол минути до крајот на регуларниот дел, но ја испушти.
☔️ @bosnianbeast27 was raining triples in the @trailblazers win!
28 PTS
15 REB
6 AST
2 STL
2 BLK
5 3PM (career high) pic.twitter.com/T9jAl6zybB— NBA (@NBA) December 27, 2022