АМС ги награди Егоров и Наковска-Бикова како најдобри во 2022, ракометот остана спорт број 1

Агенцијата за млади и спорт ги одбра најдобрите за 2022 година, а главните награди се за борачот Владимир Егоров и Оливера Наковска-Бикова, која ја радува Македонија со одлични резултати во стрелаштво.

Најдобра спортска федерација е ракометната, а спортот број 1 кај нас доби уште неколку награди.

За Великани на македонскиот спорт се прогласени двете големи живи легенди на мак-спортот, Кирил Лазаров и Горан Пандев.

Еве ги сите награди и наградени:

СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Владимир Егоров (Борење)

СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Оливера Наковска-Бикова (Стрелаштво)

ВЕЛИКАНИ: Кирил Лазаров и Горан Пандев

НАЈУСПЕШНА ФЕДЕРАЦИЈА: Ракометна федерација на Македонија

НАЈУСПЕШЕН НАЦИОНАЛЕН МАШКИ ТИМ: Ракометна репрезентација на Македонија

НАЈУСПЕШЕН НАЦИОНАЛЕН ЖЕНСКИ ТИМ: Ракометна репрезентација на Македонија

НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ: Петар Арсовски (Бокс)

НАЈДОБРА МЛАД СПОРТИСТКА: Јадранка Темелкова (Кик-бокс)

ПОДВИГ НА ГОДИНАТА: Марко Пејчиновски (Пливање) и Харис Беќири (Еверестинг)

НАЈУСПЕШНА ЕКИПА ВО УНИВЕРЗИТЕТСКА КОНКУРЕНЦИЈА: Карате тим на Универзитетот „Кирил и Методиј“

НАЈУСПЕШЕН СПОРТСКИ КЛУБ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА: ОУ „Васил Главинов“ – Велес

НАЈУСПЕШЕН СПОРТСКИ КЛУБ ОД СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА: СОУ „Нико Нестор“ Струга.

НАЈДОБАР ТРЕНЕР: Дејан Митровски – Урко.

 

 

- Оглас -

Најнови вести