Лионел Меси е еден од многуте спортисти и особено фудбалери што се простуваа од големата фудбалска легенда, Едисон Арантес до Насименто Пеле, кој почина денеска на 82-годишна возраст.
Иако се големи ривали во постојаната битка за најдобар фудбалер на сите времиња, сепак почитта меѓу двете фудбалски величини е оргомна и таква беше и додека Пеле беше жив.
„Почивај во мир, Пеле“, се зборовите со кои Меси се прости од Бразилецот и свој голем пријател.
Пеле почина денеска на 82-годишна возраст во Сао Паоло по долгата битка со рак на дебелото црево.
Беше опериран, но и хоспитализиран неодамна откако му се влоши ситуацијата и, за жал, денеска од болницата „Алберт Ајнштајн“ пристигна вест дека починал.