Кинезите прогласија шампион без да се игра последното коло, екипите немаат играчи поради ковид-19

Вухан три таунс е нов фудбалски првак на Кина, а до првата шампионска титула стигна на контроверзен начин и без да се одигра последното коло.

Се очекуваше драматична завршница во битка на два тима со по 75 бода, но пехарот го доби тимот од Вухан, а на чуден начин извиси Шандонг тајшан.

Утре требаше да се игра последното коло, но ривалите на водечкиот двоец ги откажаа гостувањата во Вухан, односно во Јинан.

Вухан со 75 бода е на врвот бидејќи има подобра гол-разлика за пет гола од Шандонг, а поради ковид-19, Пекинг Гуан не патува за Јинан на мегдан на Шандонг, а од исти причини и Тијанџин го откажа мечот од последното коло со новиот првак Вухан.

И двете екипи се пожалија дека немаа доволно фудбалери да скрпат тимови за настап и загубија службено, а Вухан е прогласен за нов шампион на Кина.

Интересно е што оваа екипа три години по ред е шампион во различен ранг на натпревари.

Во 2020 година беа први во Лига 2, потоа и во Лига 1, а сега се крунисани во нови прваци во кинеската Суперлига.

Ваквото сценарио е нов удар за кинескиот фудбал, кој пред десеттина години почна офанзивно да привлекува фудбалски ѕвезди, но сега проектот за брз развој како да пропадна, па нема ниту големи играчи, ниту инвестиции, а оваа сезона заврши на чуден начин со доделена титула на „зелена маса“.

 

- Оглас -

Најнови вести