Јирген Клоп одлучи да направи дури три замени на стартот на второто полувреме кај Ливерпул на дуелот со Брентфорд, што 19-кратните англиски прваци го загубија со 3:1 на гости.
По првиот дел беше 2:0 за Пчелите од Лондон, а (не)очекувано меѓу заменетите, односно тројцата што останаа во соблекувална пред стартот на второто полувреме беше и Вирџил Ван Дајк.
Холанѓанецот, кој во сите фудбалски рзговори, анкети и рангирања постојано е меѓу најдобрите стопери на светот одигра слабо прво полувреме, но и се повреди, иако тоа се уште не е потврдено од Ливерпул.
Интересно е што навивачите на Ливерпул во голем број ја подржаа одлуката на Клоп да го замени Ван Дајк по само едно полувреме, нешто што досега не беше замисливо.
„Вирџил беше мизерен и заслужи да биде заменет. Ја подржувам одлуката на Клоп, колку и да е болна за нас навивачите„, е само еден од коментарите на социјалните мрежи.
Имаше и пораки со сеир за Холанѓанецот, кој навистина игра во слаба форма што се одразува и на резултатите на Ливерпул, екипа која е на шесттото место во Премиер лигата со 28 бода, 15 помалку од лидерот Арсенал и со еден меч повеќе одигран досега.
Van Dijk = Maguire pic.twitter.com/gO69E0K85S
— BiG_SteppER (@kHiDwRLD) January 2, 2023