Македонската машка ракометна репрезентација, вечерва од 20.15 часот против домашната Хрватска во Пореч го игра првиот од двата подготвителни натпревари на „Кроација купот“, пред заминувањето за Полска, каде на 13ти јануари го играме првиот меч од Светското првенство.
Според квотите во Sport Life, Хрватска е голем фаворит за победа, а хендикеп границата е поставена на 5.5 голови разлика. Селекторот Кирил Лазаров нема да ги има на располагање Николче Митревски, Цветан Кузманоски и Филип Талески, кои се важни играчи, па јасно е зошто Црвено-жолтите се аутсајдери.
Хрватскиот селектор Хрвоје Хорват, истакна дека Македонија е тим кој добро напаѓа против зона „5-1“, а искусниот Игор Карачиќ кој долго играше во Вардар и сопругата му е Македонка, ужива во играњето со помладите.
„Ни даваат мали шанси на СП, се вели дека веќе не сме репрезентација на највисоко ниво, но се бориме, и уживаме во секој тренинг. Кога гледам како младите и ние постарите гриземе на терен, добив дополнителен мотив да уфрлам во поголема брзина“ – вели Карачиќ.
Пренос од мечот Хрватска – Македонија, ќе има на хрватската телевизија РТЛ 2.