Специјална е понудата на Sport Life за денешниот втор меч на Македонија на ракометниот Мундијал, а ќе играме со Холандија од 18 часот во Краков и за дербито на денот меѓу Србија и Германија во истиот термин.
За двата дуели има исклучително добар избор од необични игри , па може да се типува на конечен исход, на голови и хендикепи, но и да се одигра која селекција прва и последна ќе даде гол.
Има и понуда за вкупно седмерци, исклучување, кој прв ќе постигне погодок, кој прв до 3, 5, 7 и 10 гола, кој ќе го промаши првиот пенал и уште многу други интересни игри.
За обложувачите како шлаг на тортата во богатата понуда на Sport Life е листата со 62 ракометари со игра на голови, плус, или минус.
Од македонските ракометари во понудата се петмина, а највисока граница има Дејан Манасков со 6,5 гола.
За Филип Талевски границата е 4,5 погодоци, исто колку и за Филип Кузмановски, а во понудата се и Жарко Пешевски со 2,5 гола граница и Гоце Георгиевски со 1,5 погодок.