Голманот на Португалија, Мигел Еспиња Ферерира, им даде крилја на своите соиграчи да ја победат Унгарија со феноменалната одбрана на почетокот на дербито од последното коло во Д групата на ракометниот Мундијал.
Фереира фати чист зицер што го имаше Педро Родригес, кој се одрази моќно и речиси со топката ќе влезеше во голот, но чуварот на мрежата на Португалците на магичен начин одбрани.
https://twitter.com/ihf_info/status/1615099956846632961?s=20&t=AipTOU0EcNeJT3o4fdtg_A
Одбраната на Фереира беше на самиот старт на мечот, во третата минута при резултат 0:0, а сè потоа беше во знакот на Португалците кои неочекувано лесно ги победија Унгарците со 27:20 и одат во втората рунда исто како и вчерашниот ривал и плус и Исланд како трилинг со по два бода од Д групата.
Денеска е последниот ден од фазата по групи на Светското првенство, а и Македонија игра за пласман во вториот круг и ни треба победа против Аргентина од 18 часот во Краков.