Фан зоната на македонските навивачи во Краков веќе е отворена, фановите почнуваат да се собираат за „загревањето“ пред мечот со Аргентина од 18 часот, кога нивната поддршка ќе им биде повеќе од потребна на нашите ракометари за да ја извојуваат толку посакуваната победа.
Фалангата е составена од навивачи од сите страни на Македонија, ги има и од дијаспората, а во Краков е и малата, но одбрана екипа од Кочани која редовно ги следи нашите репрезентации каде и да играат.
Овие луѓе и сите други Македонци што се во Краков заслужуваат да се радуваат на барем една победа.