Лидерот на табелата во Премиер лигата, Арсенал, се наоѓа пред договор со Брајтон за трансферот на Леандро Тросар.
Белгиецот и челниците на Арсенал веќе ги договорија деталите околу платата, и сега на Топчиите им останува да се договорат со Брајтон околу висината на отштетата.
Новинарот кој е експерт за трансфери, Фабрицио Романо, потврди дека трансферот е пред реализација и се очекува денеска или најдоцна до крајот на викендот да биде сè готово и Тросар да стане член на Арсенал.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1616003243808788482?s=20&t=ryPXPdGSBuqAG-DYD88ltw
Трансферот го забрза одлуката на фудбалерот да не тренира со соиграчите откако минатата недела побара да биде ставен на трансфер листата. Иако многу екипи беа заинтересирани за него, Арсенал беше најконкретен и прашање на часови е кога Тросар ќе се пресели на „Емирати“.
Белгиецот оваа сезона одигра 16 натпревари во Премиер лигата и постигна седум гола, а има и три асистенции.