Блокотехна не ја спречи серијата на Берое

Само два дена откако Блокотехна го претрпе вториот пораз во ПЛМ против МЗТ Скопје (97:90), избраниците на Марјан Илиески вторпат загубија и во БИБЛ-лигата, овојпат од Берое со конечни 91:81.

Откако гевгеличани парираа во воведните 10 минути, домаќините ја направија првата иницијатива во вториот период, кој на крајот се покажа како одлучувачки. Берое го освои со 23:15, за на стартот од второто полувреме да стигне и до првата двоцифрена предност. Од тој момент македонскиот претставник не можеше да ја намали негативата повеќе од -9, па Берое на крајот рутински стигна до шестиот последователен триумф во регионалното натпреварување.

Стојанов и Когинс со по 18 поени беа најефикасни играчи на Берое, додека кај гостите најмногу се истакна Пен со 22 поени и седум скока.

Со четири победи и два порази, Блокотехна засега е на четвртото место, а следен предизвик во БИБЛ-лигата ќе ѝ биде дуел против Атирау на домашен терен, во првиот ден од февруари.

- Оглас -

Најнови вести