Тензии во Лос Анџелес: Најсилниот човек во НБА тргна да се тепа со НФЛ легенда (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс и на Мемфис гризлис го одиграа највозбудливиот натпревар во НБА лигата утринава кој заврши со триумф на Езерцата од 122:121, а тензично беше и на трибините.

Имено, на полувремето за малку ќе дојдеше до пресметка на дел од навивачите на Лејкерси со кошаркарите на Мемфис и нивните фанови меѓу кои беше и таткото на Џа Морант, Ти Морант.

Се започна од кошаркарот на Мемфис, Дилон Брукс и поранешниот НФЛ играч и трикратен шампион, Шенон Шарп, кој сега работи како новинар за телефизијата Фокс спортс.

Шарп кој седеше во првиот ред во „Крипто.ком Арената“, му дофрли на Брук кој не остана должен и му возврати, а правдата сакаше да ја истера најсилниот кошаркар во НБА, Стивен Адамс кој тргна кон НФЛ легендата за физички да се пресмета. Меѓу нив застанаа членовите на стручниот штаб на Мемфис кои успеаја да го тргнат Адамс и спречија потежок инцидент.

Во расправијата се вклучи и таткото на Џа Морант кој му дофрлуваше на Шарп, по што и двајцата беа испратени надвор од трибините, но се вратија назад кога започна второто полувреме.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести