Биковите од Лајпциг му дадоа четири гола на Шалке 04 во првото полувреме и немаа милост за германскиот фенерџија (Видео)

Лајпциг го декласира Шалке 04 само за едно полувреме и славеше убедлива победа од 6:1 за второ место во Бунделсигата.

Гостите апсолутно го надиграа фенерџијата во Бундеслигата во првото полувреме и со четири гола ја завршија работата.

Во вториот дел популарните Бикови како да подзастанаа, па Шалке 04 постигна и почесен гол и избегна поголема катастрофа во полувреме што заврши со предност на Лајпциг од 2:1.

Особено ефектни беа четвртиот гол за Лајпциг, што го даде Тимо Вернер со петица, и петтиот на Дани Олмо.

Лајпциг ја продолжи и неверојатната серија, што веројатно е и светски рекорд.

Биковите немаат ниту еден пораз на вкупно 26 натпревари против екипи кои истата сезона влегле од Втората лига во Бундеслигата.

Лајпциг има 23 победи и три нерешени дуели против новаците во елитниот ранг на натпревари.

Шалке 04 лани играше во популарната Цвајта и со Вердер избори пласман во Бундеслигата.

Сега тимот од Гелзенкирхен пак се бори да не испадне, а има само 9 бода на последното место во Бундслигата.

Лајпциг е втор со 32 бода, три помалку од лидерот Баерн Минхен, но со еден меч повеќе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести