Вреди да се „бркаат“ нерешени резултати на нокаут-мечевите на Мундијалот

Четири мечеви кои треба да ги дадат полуфиналистите на Светското ракометно првенство се играат денеска и сите се дел од понудата во Sport Life. Данска е голем фаворит против Унгарија, но факт е дека во еден меч од нокаут-фазата, нема ништо сигурно. На ЕП 2020 година одиграа нерешено 24:24, а една година претходно на СП Данска славеше со 25:22.

Шведска ќе има голема помош од домашната публика во дуелот против Египет, а според резултатите од последните девет меѓусебни дуели, дури петпати било драматично до последен момент, па на крајот резултатот бил со не повеќе од два гола предност за еден од тимовите.

Според коефициентите, Норвешка и Шпанија треба да го одиграат најдраматичниот меч, а победникот да не се знае буквално до последниот момент. Неизвесно треба да биде и на средбата Франција – Германија, а интересно ќе биде да се „бркаат“ нерешени резултат затоа што не ретко знае во вакви нокаут-дуели победникот да не се реши по регуларните 60 минути. Квотите за реми се големи и сигурно оние кои сакаат да ризикуваат повеќе, ќе биде одлична можност да погодат некој „икс“.

Во понудата има дури и 39-мина играчи на кои може да се одигра „плус-минус“ голови, а Гидсел до Данска е играчот од кого се очекуваат најмногу голови, односно над 7,5 погодоци за да биде во „плус“.

- Оглас -

Најнови вести