Ова е лудо – Навивачите го „обесија“, администраторите на Твитерот на Атлетико не сакаа ни да го спомнат (Фото)

Бразилецот Винисиус јуниор воопшто не е омилен лик кај градскиот ривал Атлетико Мадрид што се покажа и вчера во серија различни ситуации, па дури имаше и соопштение од Јирганџиите.

Најпрво со морбиден акт, навивачите на Атлетико Мадрид ја обесија фигурата на Винисиус на мост во Мадрид, пред дерби-мечот од четвртфиналето во Копа дел Реј, покажувајќи колку го мразат.

Потоа реагираше клубот со соопштение со кое ја осуди постапката и повика сторителите да бидат пронајдени и се огради од нивната герила акција.

Но, и Атлетико Мадрид потоа имаше голема утка, дали со намера или случајно, не се знае.

На твитер-профилот на клубот не беа воопшто споменати името и презимето на Винисиус како стрелец на третиот гол за победа на Реал од 3:1, иако претходно ги имаше сите стрелци со име и презиме.

За третиот гол на Реал е напишано само: Гол на Реал Мадрид.

Реал ќе игра во полуфиналето на шпанскиот куп заедно со Барселона, Атлетик Билбао и Осасуна, а се чека ждрепката за завршницата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести