Нова „бомба“ од Холандија: Де Јонг го извиси ПСЖ, во Барселона е поубаво

Иако холандски „Дер Телеграф“ го пресели Френки де Јонг во ПСЖ, истиот медиум сега тврди дека фудбалерот на Ајакс се одлучил да ја продолжи кариерата во Барселона. Наводно, договорени се сумата и личните услови, а Каталонците ќе исплатат 90 милиони евра, што е повисока понуда од онаа на „светците“ (75 милиони евра), додека Де Јонг ќе заработува 16 милиони евра годишно.

Шпанскиот првак очекува да го добие Де Јонг уште во овој преоден рок, иако фудбалерот потенцираше дека до крајот на сезона ќе остане во Амстердам.

Покрај ПСЖ, побарувачката за Де Јонг е огромна, интерес покажаа Јувентус, Манчестер сити и Баерн Минхен, но Барселона според него, а и неговиот татко, е идеален потег и ќе може да продолжи да гради блескава кариера.

Преселбата на Де Јонг во редовите на Барселона ќе биде нов рекорд за купување холандски играч, Ливерпул и Вирџил ван Дајк засега го држат овој рекорд откако стоперот во јануари 2017 година го напушти Саутхемптон за сума од 80 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести