Екипата на ТФТ од Скопје, го победи Вриједноснице Осиек со 74-70 во натпревар од регионалната АБА 2 лига.
За тимот од скопската населба Тафталиџе, ова е трета победа во втората јадранска лига, сите три се во последните пет кола, но плејофот е недофатлив за составот на тренерот Боро Смилковски.
ТФТ играше добро 30 минути, имаше предност од 16 поени разлика после првите три четвртини, но хрватскиот тим одигра добро во последната четвртина и многу го ублажи поразот.
Трент Батрик со 24 поени и 14 скока, беше најдобар поединец кај ТФТ кој после десет меча има скор 3-7, а до крајот на регуларната сезона останаа уште три кола.