Финалниот меч на ракометното Светско првенство помеѓу Франција и Данска, кое ќе се игра во Стокхолм, наместо во 20.30 часот како што првично беше планирано, ќе почне половина час подоцна, во 21 часот.
Оваа промена на терминот веројатно е по барање на француската телевизија. Мечот за трето место, си останува од 18 часот по средноевропско време.