Антикошаркарски шут од пола терен, ама важно погоди (Видео)

Рускиот кошаркар Иван Стребков, кој игра за Нижни Новгород, на синоќешниот меч против Ле Ман од Лигата на шампионите на ФИБА постигна кош каков што ретко се гледа.

Не е толку невообичаено да се погоди шут од половина терен во последна секунда од едно полувреме на крај на натпревар, туку необичен беше начинот на којшто Стребков ја исфрли топката, а се чини дека тоа беше и единствениот начин бидејќи пред него имаше противники играч. Шутот повеќе личеше на некаков полухорок и голманско фрлање на топката во игра како во фудбалот. Сепак, топката откако прво удри во таблата, заврши во кошот. На крај, Ле Ман дојде до убедлива победа, но мечот ќе се памети по потегот на гостинскиот играч Стребков.

Погледнете и проценете дали погодокот е знаење или чиста среќа:

https://twitter.com/twitter/statuses/1087805579748233216

- Оглас -

Најнови вести