Николиќ живна по првата победа на Јадранот како тренер на МЗТ Скопје: Конечно и ние да се израдуваме (Видео)

Драган Николиќ ја забележа првата победа во АБА лигата како тренер на МЗТ Скопје, а видливо беше поинакво расположение кај него на прес-конференцијата.

„Конечно и ние малку да се израдуваме. Секако дека се чуствувам одлично. Победата ја подарувам на сите искрени луѓе од Вардар до Триглав што ми честитаа. Имаме густ распоред на три фронта и немаме време за некакво славење. Им честитам и на гостите, на Цедевита Олимпија, клуб што го сметам за господски и ми е посебно драг“, рече Николиќ.

МЗТ Скопје победи со 79:74, успеа да ја прекине серијата од 9 порази во АБА лигата и да ја забележи третата победа во 18 натпревари.

Македонскиот првак остана на последното место со биланс 3-15, но сега е со поголеми шанси за опстанок во Јадранската лига.

Следниот меч за МЗТ Скопје е на 10. февруари против Морнар во Бар.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести