Што гледаа ВАР судиите? Крвнички со брутален старт го искрши противникот и не доби никаков картон (Видео)

Резервниот играч на Троа, Вилсон Одобер мина неказнето за бруталниот старт што го направи само 3 минути откако влезе во игра против Лион, а невидена среќа имаше Саел Кумбеди да мине без скршена нога.

Одобер крвнички стартуваше на потколеницата на Кумбеди, а можеше да настрада и скочниот зглоб.

Wilson Odobert dangerous tackle on Sael Kumbedi, no card given. from soccer

Судијата Летексие веројатно не виде за каков старт се работи во 84. минута и не му покажа никаков картон на домашниот играч, иако требаше да го исклучи, но нејасно е зошто не реагираа судиите во ВАР собата.

Ниту тие не му дадоа сигнал на судијата на теренот да реагира и да го ислучи Одобер.

Лион ја победи Троа на гости со 3:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести