Драма во Сараево – Македонија победи сефте во квалификациите за ЕП, триумфот против БиХ е прв по 10 години

Македонската женска кошаркарска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за ЕП 2023, и тоа во петтото коло, против Босна и Херцеговина на гостински терен со 68:66.

Нашите репрезентативки водеа од почетокот до крајот само со неколку израмнувања и неколку водства на БиХ во последниот период.

Сè останато беше во знакот на гостинките, кои беа посигурни и поквалитетни и се реваншираа за поразот во Скопје со 64:80.

Во драматичен финиш со поени на Јелена Антиќ успеавме да забележиме успех.

Ова беше прва победа за Македонија во квалификациски меч по пуза од 10 години, откако во 2013 година ја победивме Португалија.

Во последното коло ќе играме против Белгија во недела на домашен терен, а немаме шанси за настап на шампионатот што идната година ќе го организираат Словенија и Израел.

Нена Трајчевска со 17 поени беше најефикасна кај нас, а имаше и 8 скока, пред Ивана Кметовска со 14 поени и 6 скока.

Јелена Антиќ даде 10 поени со 7 скока и 4 асистенции, а Александра Стојановска имаше 7 поени со 5 скока.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести