Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина новинарот на нашиот портал Спорт Манија, Зоран Поповски.
Со шок и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот колега Зоки, кој од првиот ден од формирањето на порталот беше во Спорт Манија.
Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми, како А1, „Дневник“, „Македонски спорт“, „Спортмедиа“, „Република“, „Екипа“, а од летото 2018 година беше во Спорт Манија.
Како новинар вљубеник во фудбалот, тој известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.
Погребот ќе биде извршен утре, на градските гробишта Бутел, во 15 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 14 часот.
Почивај во мир Зоки!