МЗТ одработи против Кожув, чека полуфинале со Работнички или ТФТ

МЗТ Скопје Аеродром е прв учесник во полуфиналето на 30-тото издание на завршниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“ во Купот на Македонија во кошарка кој денеска стартуваше во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Металците беа подобри од Кожув со 80-68, а утре во полуфиналето го чекаат подобриот од средбата ТФТ- Работнички, која се игра вечерва од 19.30 часот.

Дамјан Стојановски и Вер беа најефикасни кај МЗТ со по 19 поени, Миќовиќ уфрли 16, а кај гевгеличани се истакна Гордон со 27 поени.

Сега следуваат пресметките Гостивар – Феникс 2010 (14.30 часот) и Пелистер – Еуро Никел 2005 (17 часот), а вечер е скопската пресметка Работнички – ТФТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести