3715 Олимпија – НД Горица (17.30 часот)
Најпознатиот словенечки клуб во минатото коло претрпе пораз, но и понатаму има двоцифрена предност во однос на вториот на табелата, а Олимпија важи за голем фаворит и денеска против Горица, која е на последно место и пред неколку дена се засили со нашиот Лука Станковски. Олимпија дома победи на сите мечеви на кои даваше гол. Традицијата ги фаворизира домашните, Горица уште од 2019 година нема дадено гол на стадионот „Стожице“, а есеноска беше 0-0.
Предлог тип: 1 & 0-3 (1.97)
3612 Локомотив М. – Спартак М. (18.00 часот)
Овој московски двобој е прв четвртфинален дуел од Купот на Русија, а реваншот се игра за пет дена. Првенството во Русија уште е на пауза, изминатиов период Локомотив и Спартак играа само пријателски мечеви, па тешко е да се каже во каква форма се во моментов. Спартак победи со 2-1 на лигашкото гостување кај Локо во октомври со 2-1. Локомотив во првенството е дури 14-ти и има 23 бода помалку од Спартак, а одиграни се 17 кола.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.88)
6005 Интер – Порто (21.00 часот)
И Интер и Порто се во добар ритам во домашните лиги, немаат повредени ѕвезди, па и двата тима со оптимизам влегуваат во овој прв меч од осминафиналето во ЛШ. Порто нема пораз уште од октомври. Што се однесува до меѓусебните дуели, последен пат се сретнаа во 2006 година, а на четирите официјални мечеви кои ги имале еден против друг, секогаш паѓале барем два гола.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.17)
6006 Лајпциг – Манчестер сити (21.00 часот)
Сити важи за еден од главните кандидати за титулата во ЛШ, па на германскиот тим нема да му биде лесно, особено што ќе го нема Шпанецот Олмо. Граѓаните нема да сметаат на Де Бројне, што е хендикеп за нив. Сити во последните три меча во Премиер лигата и даваше и примаше гол, а и Лајпциг е тим кој често игра на 3+, па на овој двобој може да се очекува да има голови. Во минатата сезона овие тимови беа во иста група, и двата меча беа со ГГ и 3+.
Предлог тип: 3+ (1.86)
1101 Акрингтон – Болтон (21.00 часот)
Тука станува збор за пресметка од полуфиналето во англискиот ЕФЛ трофеј. Двата тима се натпреваруваат во Лига 1, што е трета по ранг во Англија, а состојбата на табелата е таква (Болтон има 29 бода повеќе и се бори за влез во Чемпионшип, додека Акрингтон се бори за опстанок) што гостите се фаворити на хартија. Но, се игра само еден меч, а Акрингтон е домаќин. Болтон имаше пет гостувања во 2023 година и ниту еднаш не одигра нерешено. Есеноска Болтон победи во Акрингтон со 3-2, иако домашните водеа со 2-0.
Предлог тип: 2>1 (1.87)