Резултатите на полувреме во ЛШ се токму такви какви што ги најавивме

Интер и Порто играат без голови по првиот дел на „Џузепе Меаца“, додека Манчестер сити има предност од 1:0 на гости кај Лајпциг благодарение на голот на Ријад Марез во 27-мата минута. Овие два резултати на полувремето се повеќе од очекувани, посебно ако се знае дека се работи за нокаут-фаза, каде што секој погодок може да биде клучен.

Пред почетокот на овие две средби, потенциравме дека во осминафиналето, на претходните шест меча кои се одиграа, дури на пет на полувремето немаше повеќе од еден гол. Единствен меч кој „излезе од колосек“ беше дербито меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, кога во првиот дел имаше четири погодоци. На „Енфилд роуд“ имаше четири гола во првите 45 минути, додека на останатите седум средби, во првиот дел беа постигнати вкупно три гола, што само потврдува колку се игра со тактизирања и не треба да се очекуваат многу голови.

Голот на Марез, кој беше постигнат во првиот дел на мечот во Германија, може да го видите ТУКА.

 

- Оглас -

Најнови вести