Целиот свет се воодушеви на нивниот потег, а два дена потоа следува шок

Навивачите на Бешикташ воодушевија со својот потег на дуелот против Анталијаспор, кога на теренот точно на 4 минути и 17 секунди фрлија илјадници плишни играчки кои треба да бидат подарени на децата кои останаа без своите домови, но и без своите родители по разорниот земјотрес кој се случи на почетокот на февруари во Турција.

Од сите трибини, на теренот беа фрлени многу плишни играчки, а тие слики го обиколија целиот свет. Сепак, веднаш по фрлените играчки, од трибините започна да се скандира против власта во Турција и се бараше оставка на претседателот Ердоган.

https://twitter.com/i/status/1629875005600288769

Ваквиот потег на навивачите од властите во Турција бил оценет како провокација и скандалозен. Делегатите на мечевите Фенербахче – Коњаспор и Бешикташ – Анталијаспор во извештаите напишаа дека однесувањето на навивачите било непристојно и клубовите се соочуваат со санкции.

Најавите се дека двата гиганти од Истанбул во следниот период ќе играат со затворени трибини, односно без присуство на гледачи, а најдрастична мерка би било сите средби до крајот на првенството во Турција да се играат пред празни трибини. Фудбалскиот сојуз на Турција ги повикал претставниците на Здружението на клубовите да разговараат на темата за играње без гледачи до крајот сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести