Јувентус и Торино одиграа интересно градско дерби кое го доби фаворитот со 4-2, па сега е пред Торино на табелата, дури и со одземени 15 бода. За Јуве ова е четврта победа по ред, а добра вест е што им се вратија Пол Погба и Федерико Кјеза.
Погба заигра првпат по пауза од десетина месеци, во април минатата година му беше претходниот настап.
Торино испиша историја со најбрз гол во дербијата, двапати водеше, со 1-0 и 2-1, но домашните постигнаа четири гола и не дозволија изненадување.
Голот на Бремер беше клучен и ја најави победата на Јуве:
https://twitter.com/i/status/1630680183756709890