Кога ќе се сретнат шампионите на Германија и Франција, јасно е дека тоа е дерби на денот во Лигата на шампиони. Баерн Минхен игра на домашен терен, а има и позитива од еден гол стекната на дуелот во Париз, кога баварскиот гигант победи со 1:0.
Пари Сен Жермен уште сонува да го освои трофејот во Лигата на шампиони, а ако сака оваа сезона да остане во игра, ќе мора да слави на „Алијанц Арена“. Килијан Мбапе и Лионел Меси е дуото кое треба да биде адут на гостите. Мбапе пред неколку дена најави дека не само што ќе даде гол, туку ќе се обиде да постигне хет-трик во Минхен. За повеќекратен стрелец, квотата е 3.50, а интересно е дека Мбапе е главен фаворит за да го постигне првиот гол на средбата, а тука се и Чупо-Мотинг и Лионел Меси.
Интересна е комбинацијата ПСЖ да победи, а Мбапе да постигне гол, но сепак треба да се потенцира дека Баерн Минхен ја има фаворитската улога.
Двата тима имаат одличен напад, па нема да биде ништо чудно првиот погодок да биде постигнат во раната фаза од средбата. Синоќа имаше пенали на двете средби во Лигата на шампиони и тоа во корист на домаќините Челзи и Бенфика. Да има пенал за Баерн квотата е четири, а пет квота е за ПСЖ да добие удар од белата точка.
Тука се и оние статистички игри за бројот на удари во рамките на голот, бројот на корнери, жолти картони, офсајди и фаули.