Десетици илјади фанови на Флуминенсе му приредија спектакуларно добредојде на левиот бек Марсело, кој после 16 години играње во Европа, се врати во својот матичен клуб.
Бразилецот кој 15 сезони го носеше дресот на Реал Мадрид, а неодамна ја заврши кратката авантура во Олимпијакос, реши да потпише за Флуминенсе, клубот од Рио де Жанеиро чиј дрес го носеше пред да дојде во Реал.
Претставувањето пред фановите беше спектакуларно, се случи на славната „Маракана“. Погледнете мал дел од атмосферата:
https://twitter.com/i/status/1634384968406167553