Силекс оди кон Европа, Вардар утре може да стане лидер на втората лига1

Силекс благодарение на двата гола на резервата Марко Ѓорѓиевски, во Кратово го победи Скопје со 3-1, и ја продолжува за битката за места кои водат во европските купови.

Силекс сега има 35 бода, исто колку и третопласираната Шкендија, а тетовци имаат и еден меч помалку. Скопје останува претпоследен на табелата и води витка за опстанок, а ако ништо друго, тимот од Автокоманда кој е убедливо најнеефикасен во лигата, второ коло по ред дава гол.

Во втората лига, во Охрид се одигра дерби помеѓу Воска спорт и Гостивар, а средбата заврши 0-0. Воска е лидер на табелата, но има само еден бод повеќе од Вардар кој утре го пречекува Караорман. Ако најтрофејниот македонски клуб ги совлада стружани, ќе избие на чело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести