Неверојатно е тоа што се случи во Турција: Хет-трик каков што не се памети во европскиот фудбал (Видео)

Белгискиот тим Гент се пласира во четвртфиналето од Конференциската лига на УЕФА откако со убедливи 4:1 славеше на гостувањето во Истанбул против Башакшехир. Првиот дуел заврши 1:1, но Гент на гостински терен покажа дека е поквалитетен и дека оди понатаму.

Сите четири гола Гент ги постигна во првото полувреме, а во главна улога беше Гифт Емануел Орбан, кој постигна три гола. Нигерискиот напаѓач хет-трикот го постигна за неверојатни три минути.

Првиот гол Орбан го постигна во 31-вата минута, а следната минута повторно ја затресе мрежата на домаќините. Во 34-тата минута веќе беше 3:0 за Гент, а повторно стрелец беше Орбан. Турскиот тим во 88-мата минута постигна почесен погодок за 1:4.

Орбан има само 20 години и тој се најавува дека ќе биде новата голема фудбалска ѕвезда. На последните два меча постигна вкупно седум гола, а откако му се приклучи на Гент, во девет дуели досега постигна 12 погодоци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести