Арсенал треба да покаже дека има сè што е потребно за да се врати во европската фудбалска елита

6711 АЗ Алкмар – Лацио (21.00 часот)

Ова е дефинитивно дерби на осминафиналето во Лигата на конференции, а предност пред вечерашниот реванш-дуел има АЗ Алкмар, кој славеше со 2:1 во Рим. Холанѓаните играат одлично сезонава, се наоѓаат на третото место на табелата во Ередивизијата, а во Лигата на конференции имаат само еден пораз, и тоа во групната фаза од Аполон. Лацио пак нема победа на последните два меча, а покрај дуелот со АЗ, в недела го очекува градското дерби против Рома.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.25)

 

6709 Вилјареал – Андерлехт (21.00 часот)

Првиот натпревар заврши без победник 1:1, а во вечерашниот реванш, Жолтата подморница е голем фаворит. Иако ќе недостасува повредениот Кокелан, кој е клучен играч во средниот ред, за очекување е и Вилјареал да тргне офанзивно од првата минута, а нападот предводен од Морено, Чуквуезе и Пино да обезбеди победа која Жолтата подморница ќе ја однесе меѓу осумте најдобри.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.35)

 

6723 Бетис – Манчестер јунајтед (18.45 часот)

Манчестер јунајтед голем дел од работата ја заврши на првиот натпревар, кога на „Олд трафорд“ славеше со убедливи 4:1, и вечерва сигурно нема да игра ултра офанзивно, туку ќе мисли и на сопствениот гол. Јунајтед минатиот викенд ги разочара своите навивачи играјќи без голови против Саутхемптон, додека Бетис играше дерби во Ла Лига против Вилјареал и остана непоразен (1:1). Но, одличната форма на Маркус Рашфорд е гаранција дека ќе има голови и на вечерашниот натпревар.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)

 

6028 Арсенал – Спортинг Лисабон (21.00 часот)

Арсенал игра фантастично сезонава, лидер е во Премиер лигата и е на добар пат по 19 години да ја освои титулата. Вечерва имаа шанса пред своите гледачи да обезбедат пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на Европа бидејќи имаат добар резултат од првиот натпревар што се играше во Лисабон (2:2). Ова ќе биде само втор меѓусебен натпревар што ќе се игра на „Емирати“, а првиот заврши без победник. Арсенал има сè што е потребно за да се врати на врвот на европскиот фудбал и тоа треба да го покаже во дуелот со Спортинг.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.09)

 

6021 Фрајбург – Јувентус (18.45 часот)

Јувентус не игра убаво за око сезонава, но сепак победува и вечерва во Германија ќе брани предност од 1:0. Старата дама и во претходното коло постигна само еден гол пред своите гледачи, но потоа во реваншот со 3:0 го победи Нант, и тоа во Франција. Фрајбург, пак, минатиот четврток го доживеа првиот пораз во Лигата на Европа сезонава и ќе се обиде да дојде до изненадување, но прашање е дали има квалитет за такво нешто.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.71)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести