Италијанците не забораваат, „одбележуваат“ една годишнина од поразот во Палермо од Македонија!

На 24-ти март 2022 година, италијанската фудбалска репрезентација го претрпе еден од најболните порази во нивната историја, а истовремено за Македонија тоа беше една од најголемите победи кои никогаш нема да се заборават.

Во Палермо, пред точно една година, Александар Трајковски во 90-та минута ги уништи надежите на Аѕурите дека може да играат на Светското првенство во Катар.

Лани ова време, Италија беше „тазе“ европски првак, не веруваа дека може да им се случи да пропуштат два Мундијали по ред, но и тоа се случи. Селекторот Роберто Манчини остана на функцијата, а Италијанците лошо ги почнаа и квалификациите за ЕВРО 2024, со пораз од Англија, која преклани ја совладаа во финалето на ЕП.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести