Гранит Џака и другарите ќе слават на „Караѓорѓе“ во Нови Сад

6867 Ерменија – Турција (18.00 часот)

Ова е дуел од групата Д од квалификациите за ЕП, група која е една од најизедначените и во која секој може да го изненади секого. Секако дека Турците се фаворити на хартија во овој меч, Ерменците на последните седум меча не знаат за победа, а претрпеа шест порази, и секогаш примаа барем два гола. Турција има серија од четири меча со ГГ и 3+ голови. Овие селекции играа меѓусебе и во квалификациите за СП 2010, тогаш Турција двапати славеше со по 2-0.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.77)

 

6868 Белорусија – Швајцарија (18.00 часот)

Белорусите одлучија како домаќини против Швајцарија да играат во Нови Сад во Србија, веројатно надевајќи се на поддршка од Србите против тим во кој се за нив неомилените Џака и Шаќири. Швајцарија ќе играат без Шаќири, кој има потекло од Косово, а Џака веројатно ќе биде на терен. Белорусија е една од најслабите европски селекции и нема што да бара во дуел против репрезентација против која никогаш (во три дуели) не постигнала гол.

Предлог тип: 2 & 0-3 (1.96)

 

1314 Алавес – Тенерифе (18.30 часот)

Алавес мора што побрзо да се врати на победничкиот пат ако сака враќање во првата шпанска лига. Петти се на табелата, но четири кола по ред не знаат за победа. Тенерифе е во средината на табелата, и има избалансиран скор од 10 победи и по 11 ремија и порази. Алавес во претходните четири кола одигра мечеви со 0-1 гол, последниот гол го постигнаа на 19-ти февруари. Зимоска во Тенерифе, островјаните победија со 2-1.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.72)

 

6871 Хрватска – Велс (20.45 часот)

Овој меч ќе се игра во Сплит, поддршката за Модриќ и другарите нема да изостане, а треба да се види како ќе се снајде Велс без својата ѕвезда Бејл кој се пензионираше. Последната победа на велс беше во јуни минатата година, а за Хрватска ова е прв меч откако го победија Мароко во дуелот за трето место на СП во Катар во декември. Традицијата вели дека секогаш кога играат меѓусебе овие селекции, имало барем два гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.03)

 

6869 Шпанија – Норвешка (20.45 часот)

За Шпанците олеснување е што нема да игра Халанд, па Црвената фурија е голем фаворит во овој меч. На оваа средба во Малага, се очекува победа на домашните кои имаат нов селектор. Последен пат овие селекции се сретнаа во квалификациите за претходното ЕП, тогаш (во март 2019 година) Шпанија дома победи со 2-1. Норвешка тешко дека може да даде повеќе од еден гол, а ние типуваме дека шпанскиот тим ќе победи и нивниот голман нема да биде совладан.

Предлог тип: 1 Сигурна (1.70)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести