Легендарниот бразилски Формула 1 возач, Нелсон Пике (70) е казнет со 950.000 долари поради расистички и хомофобни коментари против возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, одлучи бразилскиот суд.
Пике е казнет поради интервјуто дадено во ноември 2021 година, кога на расна основа го навредувал седукратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, по неговиот инцидент со Макс Ферстапен на трката за Големата награда на Велика Британија.
Пике потоа, користел расистички и хомофобни зборови против Хамилтон и кога опишувал како возачот на Мерцедес во 2016 година ја загубил титулата од Германецот, Нико Розберг.
Пике, чија ќерка Кели е девојка на актуелниот Формула 1 шампион, Макс Ферстапен, подоцна му се извини на Хамилтон и се правдаше дека неговите зборови биле погрешно пренесени.
Тужбата против легендарниот Бразилец кој освои три титули (1981,1983,1987), ја поднесоа четири организации за човекови права.