Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешан, е презадоволен од убедливиот старт на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година кое треба да се одржи во Германија.
Триколорите синоќа на стадионот „Франција“ со 4:0 ја декласираа Холандија во меч од првото коло во групата Б. Дешан е задоволен од убедливата победа ,но не е сигурен дека неговите фудбалери одиграле перфектен натпревар.
„Не знам дали можеме да кажеме дека тоа беше совршен натпревар, но во секој случај беше убаво. Факт е дека беше ефикасни во првото полувреме бевме ефикасни и дојдовме до голема предност. Одличниот впечаток го комплетира и одбранетиот пенал на Мајк Мањан. Мбапе и Гризман добро се согласуваат и имаат заедничка цел, Франција да бележи успеси“, изјави Дешан.