Добрите екипи победуваат и кога играат под очекувањата, а токму тоа вечерва му тргна од рака на Гостивар против Куманово.
Домаќините имаа и двоцифрена негатива, но во пенал завршница славеа со 81:78. Со тоа останаа во трка за настап во плејофот и имаат 8 победи и 4 порази на четвртата позиција во Суперлигата.
„Не игравме на посакуваното ниво. Дел од играчите подлегнаа на притисокот и императивот да се победи, но сепак на крајот успеавме. Куманово некако и не ни лежи. Не посака и среќата. Новото засилување Ефианаи покажа дека ќе биде м ошне корисен кошаркар за нас. Куманово одигра одличен меч, ни зададоа многу проблеми, имаа широчина во играта, а ние слабо се браневме, но на крајот сепак победивме. Таков е спортот, а добрите екипи победуваат и кога играат лошо“, изјави Марјан Србиновски, тренерот на Гостивар и поранешен селектор на македонската репрезентација.