Бразилецот Винисиус Јуниор одлучи од идната сезона да настапува во дресот со број 11 на грбот. Иако од Реал Мадрид му беше понудено да го одбелече легендарниот дрес со бројот 7, сепак Винисиус одбра тоа што му лежи на срцето. Единаесетката на Реал низ историјата ја носеле Генто, Хуанито, но и легендарниот бразилец Роналдо, кој е и идол на младиот фудбалер на Реал Мадрид.
Дресот со број 11 во моментов го носи Маркос Асенсио, но неговиот договор истекува на крајот од оваа сезона, така што Винисиус нема да има проблем да ја земе 11-ката.
Доколку Виснисиус се одлучеше за бројот 7, тогаш потенцијално ќе настанеше проблем во Реал бидејќи тој му припаѓа на Еден Азар, кој е едно од најголемите промашувања на Реал Мадрид и не прикажа речиси ништо во дресот на Кралскиот клуб. Договорот на Азар истекува во 2024 година и тој нема намера да си замине од Реал пред истекот.